Четврта државна лига на Викторија југ, 5 коло
Сигурна победа на нашиот единствен претставник во јужните лиги на Викторија. Нобл Парк со 12 бодови е на првото место пред Скај Јунајтед кој има еден бод помалку.
Нобл Парк организира игранка во сабота, на 7 мај. На неа ќе настапат Новица Василевски и Амадеус Бенд и ќе има неограничено јадење и народна музика. Картите се $40 за возрасни и $20 за деца под 12 годии. Настанот започнува од 19 часот.
Следното коло в сабота, на 7 мај, Нобл Парк Македонија гостува кај Кисборо со почеток во 15 часот.