Четврта државна лига на Викторија југ, 15 коло
Сигурна победа над фенерџијата Линдаел, кој по оваа сезона гарантирано се сели во пониската лига. Нашиот единствен претставник од јужната страна на Мелбурн славеше висока победа и се наоѓа на третото место, со еден натпревар помалку од второпласираниот Скај Јунајтед, кој има ист број на бодови.
Во сабота, на 23 јули, Нобл Парк игра на теренот на Ист Брајтон Јунајтед со почеток во 15.00 часот.