Норт Саншајн – Алтона Меџик Вардар 0:4 (0:1)

Прва фудбалска лига на Викторија -22 коло
Алтона Маџик Вардар за следната сезона ќе има силен подмладок

Средбата почна со тактичко надмудрување од двете страни, во која домаќинот во првите десет минути имаше една прилика и една статива. И тоа беше речиси се што направи тимот на Норт Саншајн. Потоа, играта ја презеде Алтона Вардар чии играчи се растрчаа по теренот, играа борбено, на прва топка и не им дозволија на домаќините да се надигруваат. Одбраната на чело со капитенот Божиновски и стоперот Томсон играше непогрешливо, Иако настапи повреден од претходното коло со Кило Парк, Хаин беше најдобриот поединец на теренот, постигна три гола, хет-трик за својот тим. Овој играч е голем борец на теренот и е навистина квалитетен фудбалер кој би го посакал секој клуб.
Резултатот го откри на самиот крај на првиот дел Хаин, кога убаво проигран од Тургут, влезе во казнениот простор и со луциден удар го погоди десниот долен агол на Кирбеиде. Во 59 минута истиот играч зголеми на 0:2 кога му ја одзеде топката на Кутлеши и во стил на Меси рутинирано постигна ефектен гол.
Во 63 минута повторно Хаин на сцена за хет-трик, беше на вистинското место и одбиената топка ја смести во мрежата – 0:3. Конечниот резултат го постави Сил во 84 минута кога беше убаво проигран од нововлезениот Петковски и без тешкотии ја погоди мрежата за 0:4.

Останати вести