Владата наметнува нов данок за големите банки

Петте најголеми банки на Австралија наскоро ќе се соочат со нов данок и засилена контрола, соопшти австралиската Влада во објавата на новиот буџет.

Министерот за финансии Скот Морисон претстави неколку буџетски мерки, истакнувајќи дека данокот цели кон зајакнување на одговорноста и конкурентноста во банкарскиот сектор. Приходите од него ќе бидат искористени за стабилизирање на буџетот.
Банките со обврски над 100 милијарди долари ќе мора да плаќаат данок од 0,06 отсто годишно врз овие обврски од 1-ви јули.
Тоа значи дека четирите најголеми банки во земјата „Westpac”, „ANZ”, „Common­wealth Bank” и „National Australia Bank”, како и инвестициската група „Macquarie Group” ќе и платат на владата околу 6 милијарди долари во наредните четири години.
Дневните кориснички депозити не се сметаат за обврски, прецизира германската агенција „DPA”. Данокот нема да влијае на пензиските и осигурителните фондови.
Владата, исто така, воведува и нови надлежности на надзорниот орган на финансискиот сектор, како и нов систем за потрошувачки жалби.
Казните за лошо управување можат да достигнат 200 милиони долари за големите банки, а компаниите можат да бидат казнети ако не остваруваат надзор над активностите на високите менаџери.
Владата ги објави новите мерки по скандалите поврзани со лошото управување во финансискиот сектор, кое се појави во текот на последните неколку години, забележуваат агенциите.
На ова големите банки најавија дека ќе ги префрлат трошоците врз муштериите преку зголемен интерес и наплата за сервисите. Веднаш на тоа реагираше прајминистерот Турнбул кој советува да не дозволат такво нешто муштериите и дека може да си ги префрлат сметките во помалите банки кои ќе бидат конкурентни. Сведоци сме дека во изминативе години банките имаат профит по повеќе милијарди долари годишно, а истите тие големи банки беа постојано сабсидирани од државата.

Останати вести