Јапонската влада планира да ослободи 600 000 затвореници во чест на крунисувањето на царот Нарухито на 22. октомври.
Со помилувањата ќе им бидат одземени ограничувањата на законските права, пишува весникот Mainichi Shimbun. Во Јапонија, осудените и казнети лица пет години го губат правото на медицински и други услуги.
„Ние внимателно ја разгледуваме оваа работа. Засега нема да коментирам за тоа”, рече портпаролот на премиерот, Јошихидо Суга.
Кога поранешниот император Акихито беше крунисан во 1990 година, владата помилува 2,5 милиони луѓе.
Во април, Акихито абдицираше со што во последните два века беше првиот јапонски монарх кој се повлече од престолот.