Откриен нов јазик во Северна Австралија

Научниците откриле нов јазик во северниот дел на Австралија кој содржи ретки граматички новитети и единствена комбинација на елементи од други јазици. Јазикот познат како „лесен валпири”, го зборуваат околу 300 лица од зафрлената пустинска заедница, на околу 644 километри од Катрин, град кој се наоѓа во северниот дел на Австралија, вели Кармел О’Шанси, професор на одделот за лингвистика на University of Michigan во Ен Арбор.

 

Light Warlpiri е познат како „микс од јазици„ затоа што содржи елементи од традиционалниот валпири, кој го зборуваат околу 6.000 лица во заедниците кои се расфрлани низ пустината Танами, во северните предели; Криол, англиската основа на креолскиот јазик кој се зборува во различни делови на Австралија и англискиот јазик.

– Неверојатното нешто за „лесниот валпири е тоа што повеќето глаголи ги користи од англискиот и криоли јазикот, но повеќето други граматички елементи во реченицата доаѓаат од валпири, вели О’Шанси.

Во англискиот, редоследот на зборовите во реченицата генерално ја индицира граматичкиот однос меѓу различните ентитети. На пример во реченицата „Mary saw Jim” (Мери го виде Џим) се подразбира дека Мери е таа која го врши гледањето затоа што нејзиното име доаѓа пред глаголот. Од друга страна, во валпири јазикот, зборовите можат да бидат поставени по кој било редослед, а граматичката интерпретација се темели на суфиксите кои се надоврзани на именките.

– Во лесниот валпири, имате еден дел од јазикот кој најмногу доаѓа од англискиот и криол јазикот, но другите граматички делови, како што се суфиксите доаѓаат од валпири, вели О’Шанси.

Друга дистинкција на новооткриениот јазик се зборовите кои се однесуваат на сегашното и минатото време, но не и на иднината. На пример: „I’m” (Јас сум) се однесува на „I” (јас) во сегашно време, но корисниците на „лесен валпири” создале нова форма, „yu-m”, која значи „you” (ти) во сегашно и минато време, но не се однесува на идното време.

– Таква структура не постои во ниту еден од јазиците од кој потекнува новиот код, поради што го гледаме како одделен лингвистички систем, иако доаѓа од други веќе постоечки јазици, вели лингвистот.

О’Шанси го открила „лесниот валпири” кога започнала да работи во училиште во северната територија, каде децата учат традиционален валпири. Таа забележала дека некои од учениците во текот на разговорот користат неколку јазици. Таа смета дека „лесниот валпири” настанал во текот на 70-те и 80-те години на минатиот век.

Останати вести