Недалеку од градот на конзулите Битола, во потпелистерското село Магарево се крева нов манастир во чест на свети Петар. Ова ремек дело на МПЦ ќе биде готово идната година и ќе биде едно од најубавите светилишта во Пелагонија во последните 100 години.
Иако се уште не е завршено, природата и градбата со својата убавината пленат. Вредните раце на мајсторите од мала Преспа веќе една година го градат овој комплекс, вистинско ремек дело. Владиката Петар не го криеше задоволството и гордоста за ова негово дело. Тој со години наназад ја имал оваа желба да биде изграден еден од најубавите манастири во битолската околија. Австралиско-македонскиот неделник е меѓу првите македонски медиуми што ги забележа убавините на овој проект.
Стефан Горгиевски

