Минатава сабота на изборите во Викторија, лабуристичката влада на Даниел Ендрус беше повторно избрана со уште поголема предност над либералите.
Вториот термин на лабуристите е со рекордна победа и кога ќе се пребројат сите гласови може да достигне до 61 пратеник од парламентот кој има 88. Тоа е за 15 повеќе од што ги имаше предтоа. Разочарувачка беше ноќта за лидерот на опозицијата Метју Гај и сега прашање е дали ќе има некој да го преземе водството на опозицијата после овој изборен масакр.
Владејачката партија на лабуристите доби дополнителни 7 проценти гласови од минатите избори во 2014 година кога дојде на власт со 47 пратеници. Со зголемената подршка беа освоени порано незамисливите бастиони на либералите како Хоторн, Бурвуд, Франкстон, Сандригхам, Брајтон и Непеан. Колку е катастрофален резултатот за опозицијата сведочи изборната единица Брајтон, што никогаш досега не бил лабуристички, победи 19 годишен студент Деклан Мартин едвај една година полнолетен кој само пред два месеци станал член на партијата.
Либералите сега не може да се надеваат да се вратат на власт дури ни следните избори бидејќи максимум што би можеле да сторат за три години е да се вратат на сегашната позиција и дури последувателните би имале шанса.
После победата Даниел Ендрус премиерот на Викторија изјави: “Ние сме најпрогресивната влада во нацијата. Ние сме најпрогресивна држава во нацијата. Ние живееме со нашите вредности, се држиме до ветеното, и исполнуваме.”

