Австралискиот министер за финансии Скот Морисон стана нов прајминистер откако во петокот ја доби поддршката на интерно гласање за лидерство на Либералната партија.
Изборот на Морисон е релативно изненадување за поранешниот министер за внатрешни работи Питер Датон кој водеше конзервативен бунт против сега сменетиот прајминистер Малколм Турнбул.
На интерното гласање во партијата, Морисон доби 45 гласови, а Датон 40. Кандидат беше и министерката за надворешни работи, Џули Бишоп, но беше елиминирана во првиот круг.
Турнбул побара гласање во партијата откако прими петиција во која се бара негово заминување, потпишана од мнозинство од Либералната партија.
Морисон ќе биде седми австралиски премиер за 11 години. Ниту еден шеф на владата од заминувањето на Џон Хауард во 2008 година не издржа цел мандат.