Нов проект по македонски јазик во Викторија

Учениците од петто одделение при училиштето за јазици во Keilor Downs, Викторија, работат на нов проект наречен „Македонска книга”.

 

По дадените инструкции, учениците започнаа со креирање на насловна корица којa опфаќа наслов, име на креаторите, илустрација. Повеќето од учениците ја илустрираа страницата со македонското знаме во разни форми и дизајни, букви, деца.

Освен изразувањето на нивната креативна способност, оваа книга всушност ќе опфати повеќе теми и ќе биде исполнета со активности за изучување на буквите од македонската азбука, македонската историја, омилени популарни личности од Македонија.

Македонскиот јазик се изучува во овој дел од светот од 1977 година.

Голема е привилегијата за македонската заедница во Австралија да биде во можност да го пренесе мајчиниот јазик на помладите генерации родени во Австралија.

Останати вести