Мицкоски: Нов сум во високата политика и можни се протоколарни слабости

– Не очекувам одложување на изборите и очекувам убедлива победа на изборите. Власта е во колективна паника и е фрагментирана на десетици струи и тивки жаришта на конфликти кои во периодот што следи ќе се засилуваат. Убеден сум дека граѓаните ќе одберат обнова,a тоа ќе значи промени кон подобро и многу работа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот “Курир.мк”.

Тој истакна дека на средбата со Бојко Борисов разговарале за актуелните теми во Македонија, во Бугарија, а акцентот бил ставен на иднината, но исто така и на теми кои се дел од минатото на двете држави.
– За дел од темите имавме исти позиции, но за дел различни. Помалку непријатно беше што се снимаше почетокот на средбата каде вообичаено има неформален разговор помеѓу соговорниците кои се познаваат и жалам што нашиот политички противник СДСМ, целосно извртувајќи ја вистината, преку креирање на лажни вести се обиде да ги злоупотреби граѓаните. Никаде на средбата не го споменав договорот, тоа не може да се извлече како цитат затоа што не го кажав, но еве гледаме дека може да се прават лажни вести под владината палка и да се редат зборови во уста кои јас никогаш не сум ги кажал. Инаку да, порано сум истакнал, му го кажав тоа и на г-динот Борисов, а еве ќе го повторам и сега дека имам намера да поддржам сè што е добро за двете земји, тоа подразбира дека без никакви дилеми поддржувам економска соработка, да јакнеме трговски, да градиме соработка со соседите, културно, спортски, научно да соработуваме, доколку проценам дека македонскиот народ и граѓаните на Македонија имаат интерес од тоа. Но воедно тоа значи и спротивното, дека никогаш нема да прифатам работи кои се на штета на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, непринципиелни барање, ултиматуми или компромиси со невистината за други цели. Јас дилема немам ниту за нашиот-Македонецот Гоце Делчев и неговата борба за создавање на македонска држава, ниту за посебноста на македонски јазик. Не сум човек кој прави компромиси со вистината, а најмалку на штета на Македонија.
И точно, можеби сум нов во високата политика и со помала километража кога станува збор за билатералните средби, и можни се протоколарни слабости од кои учиме, но ве уверувам кога станува збор за суштината точно знам што говорам, за што се борам и какви интереси штитам и ќе продолжам да го правам тоа, кажа Мицкоски.

Останати вести