Научници пронајдоа нов вид диносаурус, најголем досега во Австралија

Научници во Австралија класифицираа нов вид диносауруси, најголем пронајден досега на овој континент. Станува збор за видот Australotitan cooperensis кој е меѓу петнаесетте најголеми видови диносауруси откриени низ светот.

Експертите тврдат дека бил висок до 6,5 метри и долг 30 метри. Скелетот е првобитно откриен на фарма во југозападен Квинсленд уште во 2007 година, а палеонтолозите со години работат на идентификација и утврдување разлики во однос на познатите видови споредувајќи ги неговите коски со коските на другите сауроподи.
Сауроподите се хранеле со билки и биле познати по нивната големина. Имале мали глави, долги вратови и опашки, како и покрупни нозе слични на столбови.
Тој припаѓал на сауроподи, односно растителнојадни диносауруси, кои биле познати по својата големина и имале мала глава, многу долг врат, долга опашка и дебели нозе налик на столбови. Тие лутале по континентот во периодот на Креда, пред 92-96 милиони години.
Најголемиот диносаурус на светот, долг 37 метри и тежок 70 тони, е откриен во Аргентина во 2017.

Останати вести