Жителите на Нов Зеланд на референдум се изјаснија за легализација на еутаназијата, покажуваат објавените прелиминарни резултати од референдумот.
Според првичните резултати 65,2 отсто од граѓаните го поддржаа Законот за еутаназија, со кој им се овозможува на смртно болните луѓе, кои немаат повеќе од шест месеци живот да умрат со асистенција, ако тоа го одобрат двајца лекари.
Предвидено е Законот да стапи во сила во ноември 2021 година. Закон за еутаназија има и во повеќето држави во Австралија.
Граѓаните на Нов Зеланд во исто време на референдумот се изјаснија против легализација на марихуана во рекреативни цели, покажуваат првичните резултати.
Околу 53 проценти од граѓаните гласале „против”, а 46 се изјасниле „за” легализација на марихауната.
Рекреативната употреба на марихауаната е легализирана или декриминализирана во Канада, Јужна Африка, Уругвај, Грузија и неколку американски сојузни држави.