Шокирани, лути, тажни и незадоволни од изборот на Доналд Трамп за претседател на САД се повеќе Американци проверуваат како можат да го направат Нов Зеланд својот нов дом.
Само за 24 часа по веста за 45-от претседател на САД интернет страницата на новозеландски имиграциски услуги имала 56 300 посети од Америка, а вообичаената дневна просечна вредност е 2300. За истиот период сајт кој содржи информации за живот, работа, учење и инвестиции во Нов Зеланд бил посетен од 70,500 корисници од САД, а во просек дневно бил посетуван 1500 пати.
Миграциската служба на Нов Зеланд обично регистрира околу 3.000 луѓе на интернет страницата, а во последните неколку дена нивниот број е 7287 американски граѓани. Ова сепак се регистрации, при што е важно да се напомене дека значат само интерес кон миграцијата во земјата, а не се барање за визи.
Специјалистите сепак не очекуваат масовна миграција на Американци кон Нов Зеланд. Според нив никој не емигрира само заради едно нешто, а поради комбинација од фактори. Причините кои ги мамат луѓето во земјата се многу значајни, отколку еден лидер. „Има три причини поради кои имигрантите доаѓаат во Нов Зеланд. Квалитетот на живот, јавната безбедност, како и квалитетот на нашиот образовен систем. Тоа не се менува, без разлика дали сте од САД или Кина, коментира тренерот Павел Спонли. Со други зборови Нов Зеланд нуди повеќе отколку само еден различен лидер, смета тој. Премногу е рано да се толкува колку од овие барања ќе го направат овој потег откако шокот ќе се намали. Но скок на пребарувања покажува колку многу Американци беа изненадени од победата на Трамп и се заговараат за нивните можности на друго место.