Осветена нова црква на МПЦ во Австралија

Нов храм на Македонската православна црква во Австралија е осветен во саботата, на 6-ти февруари 2016 година. Оваа црква го носи името “Света Тројца” и се наоѓа во сиднејската општина Садерленд. 

„Црквата се наоѓа на гробиштата Воноронора, со што нашите верници во Австралија добија прва ваква црква во австралиската епархија на МПЦ”, рече владиката Петар, кој е администратор на дел од Австралиско-новозеландската епархија.
Храмот е реплика на македонска црква со традиционалниот византиски лик од 9 век, и е прво вакво зда­ние надвор од Македонија, што е во склоп на гробишта.
Од најавените активности дознаваме дека претстои Епархиско собрание кое ќе се одржи на 17 февруари во манастирот “Св. Прохор Пчински” во Донибрук. На тоа Епархиско собрание, меѓу другото, ќе има точка за измени и дополнување на Уставот на Македонската православна црква и Статутот на Епархијата.

Останати вести