Коалицијата ќе донесе нова енергетска политика

Федералниот министер за енергија работи на убедување на своите коалициски колеги во предноста на предложената цел – чиста енергија, додека некој од нив јавно ја искажуваат својата загриженост како оваа политика ќе влијае врз индустријата на јаглен.

Џош Фриденберг се труди да укаже на препораките на ревизијата на сигурност на пазарот на електрична енергија, изработена од главниот научник Аланд Финкел, кој вели дека нема да се работи на казнување на постоечките електрани на јаглен, ниту се исклучува можноста за градење нови. Поборниците на јаглен во владата веќе 24 часа од објавата на извештајот зборуваа за него. Но министерот вели дека д-р Финкел не препорачал никаква забрана за електрична енергија создадена со помош на јаглен како погонско гориво, туку дека наместо тоа предложил потикнувачи со кои би се охрабриле извори на електична енергија со ниски емисии на јаглерод диоксид.
„Тоа ќе го одреди пазарот и тоа е клучната работа. Не сакаме да ги казниме постоечките производители на јаглен, затоа што сакаме тие да останат важен дел од производството на енергија и во иднина.” – вели д-р Финкел. Ревизијата препорача нови цели на чиста енергија (CET) кои би барале одреден удел при создавање електрична енергија од генератори чии емисии на јаглерод диоксид се под одреденото ниво.
Со тоа домаќинствата ќе заштедат просечно 90 долари годишно за трошоци на електрична енергија во споредба со состојбата која би ја имале ако не преземеме ништо. Моделирањето во извештајот покажува дека јагленот и понатаму ќе сочинува над половина од средствата за производство на електрична енергија до 2030 година, иако тој удел ќе падне за околу четвртина до 2050 година. Фриденберг вели дека е „целосно замисливо” новите електрани на јаглен или постоечките да бидат обновени и опремени со нова технологија доколку компаниите за прозиводство на енегрија тоа го сметаат за соодветно.
Но не сите негови колеги се убедени во тоа. Питер Датон рече дека коалицијата сака да направи се што може на семејствата и бизнис субјеките да им се намалат трошоците, и во исто време да се намалат емисиите.
„Мислам дека ова е тешка тема од бројни причини и сметам оти ревизијата на Финкел отвара пат напред” рече тој во Канбера. Пратеникот на лабуристите Ед Хусиќ рече дека државата треба да ги согледа најдобрите начини на кои поделотворно може да се генерира енергија и со пониски емисии. „Целта е да се произведува повеќе а не помалку чиста електрична енергија од јаглен, е помалку оксиморон” рече тој.

Останати вести