Нова главоболка на прајминистерот

Судир на ега на новите сенатори во Горниот дом е кошмар што прајминистерот Малком Трнбул се труди да го избегне. Бидејќи за оваа недела е превиден вистински цунами на законодавни промени, владата мора да се соочи со независните сенатори кои не се сигурни во многу работи, освен во својата важност.

Владата се уште се сеќава на незгодните ситуации во стариот Сенат кој имаше поповолен состав, и сега се обидува да добие поддршка пред законот да дојде за одобрување. Во меѓувреме новите сенатори се премногу зафатени славејќи ја својата голема победа на политичката лотарија. Малком Трнбул нема друга опција освен да се обиде повторно и да вложи многу труд. Последниот обид на прајминистерот конкретизиран за време на емисијата на ТВ мрежата 7 каде сенаторката Полин Хенсон воодушевено набројувала имиња. „Значи, разговарав со прајминистерот и министерот за финансии Скот Морисон, (министер за имиграција) Питер Датон, (министерка за вработување) Мишел Каш. Разговарав и со различни синдикати. Одржав многу состаноци за да можам информативно да донесам мислење врзано за ABCC и други предлог закони кои не очекуваат и за кои мораме да имаме информирано мислење” – рече таа.
При тоа мислеше на Австралиската комисија за градба и градежништво кој минатиот состав на парламентот ја одби и беше искористено како повод за распуштање на двата дома на парламентот и распишување предвремени избори, а тоа и олесни на Хенсон да биде избрана. Меѓу 11 сенатори кои не се од Коалицијата, ниту од редовите на Лабуристичката партија, или пак од Зелените, постои силно расположение против владата. Три сенатори од тимот на
Ник Зенафон избрани се како протест кон големите партии, а особено четирите сенатори од партијата One Nation на Полин Хенсон. Тие не се избрани за да соработуваат со владата, туку да и се спротистават. Постои опасност новите сенатори да немаат време, ниту ресурси да ги проучат деталите од новите предлог закони, вклучувајќи го и буџетот најавен за 5 мај. Меѓутоа, ќе се појават и други работи, вклучувајќи го и распишувањето на референдум за истополни бракови, тема за која независните кандидати не се воопшто едногласни. Сенаторот Дерин Хинч сака парламентот да донесе одлука; Полин Хенсон сака двата национални дома да не можат да носат одлуки за оваа тема без да се праша народот. Ова е само дел од проблемите што владата на Малком Трнбул може во иднина да ги очекува. „Искрено верувам дека мораме да го одржиме референдумот за да одлучиме за членот 51 од Уставот, за тоа како да се дефинира бракот меѓу мажите и жените и меѓу луѓето од спротивниот пол. Треба да се спроведе референдум без разлика што ќе изгласа парламентот. Но загрижена сум колку трошок тоа ќе биде за даночните обврзници. Би сакала кога за референдумот би можел да одлучува народот на следните избори и таа одлука да ја оставиме на нацијата, но народот секако мора да го каже своето мислење на оваа тема” – вели Хенсон.

Останати вести