Властите во Франција прифатија да се одржи референдум за независност на Нова Каледонија.
Изјаснување за независност е предвидено со договор од 1998 година за архипелагот во Тихиот океан. Точен датум не е одреден, но тоа ќе се случи до ноември 2018 година. Архипелагот се наоѓа на 1.210 км источно од Австралија и на 16.136 км од Франција. До 2019 година ќе се знае дали Нова Каледонија ќе остане дел од Франција или не.