Нова книга: Гулабица недофатна од Марија Александрова

Во издание на Литературното друштво „Григор Прличев” од Сиднеј, деновиве од печат излезе книгата поезија „Гулабица недофатна” од поетесата и уметник Марија Александрова од Сиднеј.

Во рецензензијата на Александар Донски за оваа книга, меѓу другото се вели: “Со ненаметлив, јасно артикулиран стил, авторката Марија Александрова низ стиховите во кои доминира емотивното над изразните средства кои се ставени во негова функција, успешно го претставува својот творечки имплус преку оваа збрка првенец. Значаен прилог што ги збогатува и акцентира песните се и умешно изработените уметнички илустрации кои целосно се вклопуваат во содржната на оваа мулти-уметничка збирка, чие консумирање несомнено ќе предизвика интерес и задоволство кај читателите”.

Останати вести