Организаторот МАСО (Македонско Австралиската организација на заедницата), Македонскиот Фестивал на Храната ќе го организира по шести пат во недела, на 26 ноември со почеток во 10:30 наутро.
Резервирајте го овој датум и започнете да се подготвувате за вкусните специјалитети и забава по кој е познат пролетниот фестивал. Со ветување дека ќе биде најголемиот и најдобриот досега, кажете им на вашите роднини и пријатели дека тука ќе ги најдете сите традиционални јадења по кои е позната Македонија.
Овој собир започна во 2012 кога се одржа во Вилијамстаун, каде остана и следната година, а потоа три години се одржуваше во Саут Моранг, пред општинската зграда на Витлси.
Од организаторите дознаваме дека годинава е избрана нова погодна локација во Footscray Park and Gardens која се наоѓа на Ballarat Road, во Footscray.



