Нова надеж за Абориџините

„Системскиот расизам” и понатаму е присутен поради несогласувањата околу тоа како оваa земја им е одземена на Абориџините
Лидерот на опозицијата, Бил Шортен изјавил дека „системскиот расизам се уште е многу присутен”, и „дека нема темелно согласување за тоа на кој начин оваа земја им е одземена на Абориџините”.

Шортен, овие коментари ги дал за време на Австралиската вечера на помирување (Reconciliation Australia Diner) во Мелбурн, по предиизборната кампања во Дарвин, во чиј фокус биле прашањата за староседелците. „Системскиот расизам, се уште е многу присутен” – рекол тој.
„Измамничката природа на тврдоглавиот расизам и понатаму е реалност за Абориџините и островјаните на Торесовиот Проток без разлика на положбата што ја постигнаа во нашето општество. Секоја генерација абориџински спортисти од Даг Николс, преку Ники Винма до Мајкл Лонг и Адам Гудс, тоа добро го знаат.” Шортен изјавил дека знае оти „расизмот не е карактеристика за повеќето Австралијанци” и дека е горд на оние кои се борат против него. Но, исто така призна дека има уште многу да се направи, затоа што „тоа чувство на дискриминација го чувствуваат секојдневно сите Абориџини и островјани од Торесовиот Проток”.
Бил Шортен изјавил дека вистинската еднаквост се темели на „искреност”.
„Во овој момент не постои темелна согласност за тоа како оваа земја им е одземена на Абориџините”, рекол тој. „Или за прашањата на населувањето и колонизацијата”. Потребен ни е процес со кој ќе дојдеме до заеднички став за овие прашања за општото добро на нашата нација. Бессрамната фикција на доктрината terra nullius е срушена. Но без договор со Абориџините за идни рамки на сите аргументи од 1788 година па наваму, ова ќе продолжи да не мачи. Наша цел треба да биде постигнување договор околку иднината која на сите ни овозможи гордост и почитување”, рекол тој.
Лидерот на опозицијата рекол уште дека нацијата навистина не може искрено да ги слави достигнувањата во областа на домородечките прашања се додека „постои чувство на неправда во срцата и умот на првите Австралијанци”.

Останати вести