Шефот на австралиската авиокомпанија „Квантас” минатата седмица изјави дека компанијата планира да за патување со меѓународните летови задолжително да бара вакцинирање на патниците и предвидува слична политика да се донесе низ целиот свет.
Во телевизиско интервју за АBC, Алан Џојс објасни дека овој услов можеби не е неопходен за домашните авио-патувања, но дека е неопходен за меѓународните летови.
„Разгледуваме да побараме од меѓународните патници да се вакцинираат пред да патуваат со авион. Задолжителната вакцинација веројатно ќе стане нова реалност за меѓународните патници ширум светот”, додаде Џојс.
Генералниот директор соопшти дека „Квантас” веќе започнал да утврдува дали е потребно да се воведе двонеделен карантин за патниците кои пристигнуваат во Австралија.
Џојс претходно предупреди дека патувањето со авион нема да се врати на нивото пред почетокот на пандемијата се додека вакцината за коронавирус не биде широко достапна.
Тој најави дека „Квантас” ќе ги обнови летовите кон Велика Британија и САД само кога вакцината ќе се појави на пазарот „со оглед на распространетоста на вирусот во двете земји”.