Во исчезнатиот авион имаше 239 патници, а до сега се пронајдени само некои делови кои океанот ги исфрли на брегот. Според последните податоци, потрагата води кон Австралија, иако некои теории до сега говореа дека авионот е киднапиран од далечина, а подоцна завршил закопан под слоеви лед на Антарктикот.
Според податоците за летот, авионот имал необичен лет, одеднаш свртел од запад кон исток, одалечувајќи се од Кина, која била негова дестинација. Тој чуден пат се уште никој не го објаснил. Подводните истражувања се фокусираат на областа во Индинскиот океан во близина на Австралија, каде на почеток се сметаше дека авионот се срушил во морето. Но, истрагата е стопирана, бидејќи веќе две години не дава никаков резултат. Авионот, ниту било каков траг од него не е пронајден, а семејствата на патниците се уште бараат одговори за тоа што навистина се случило.
Историчарот Норман Дејвс вели дека една од можностите е авионот да летал неколку часови, а потоа да слетал на Антарктикот, кој е совршено место за криење. Таму авионот со децении би можел да биде закопан под слоеви на лед.
Некои од теориите дури говореа за вонземјани, па и за киднапирање. Имено, технологијата на летот била осмислена да спречи терористички напади, а таквата технологија е воведена по нападот на 11 септември. Со неа може да се управува од земја, па сега се појавува теорија за тоа дека тој авион всушност е киднапиран од далечина.