Нова визија за подобра Македонија

Љупчо Ристовски, претседателот на Македонска конзервативна партија “ИНТЕГРА”, во саботата го заврши официјалниот дел од посетата на Австралија.

Со средба со Македонците во Македонската евангелска обединета црква од Престон, што се наоѓа на Wood Street & Murphy Grove, Ристовски вечерта прво како теолог одржа молитва, а потоа како политичар ја претстави амбициозната замисла на партијата на претстојните избори да се избори за значајна улога за иднината на Македонија.
Во изминатите десет дена тој одржа повеќе отворени состаноци со македонската заедница од НЈВ и Викторија. Со непосредна интеракција, споделени мислења и многу емоции ја претстави новата политичка визија на ИНТЕГРА. Нудејќи искреност, чесност и визија но и љубов за својот народ македонски и за татковината Македонија. Со пораки кои имаа одглас во народот дека времето на транзиција од 28 години е предолго и треба да заврши. Дека можеби постојано се бираа погрешни луѓе и дека се потребни луѓе со морал…
Света должност е да се сака својот народ, а политичарите треба да бидат слуги на народот, и државата постои заради народот, а не обратно како што правеа досега корумпираните владејачки партии.
Ристовски оствари работни средби со тројца конгресмени и еден сенатор на Австралискиот парламент – конгресменот Craig Kelly, потоа конгресменот Rick Willson, конгресменката Anne Stanley и сенаторот генерал Jim Molan.
Во неделата тој замина за Македонија и ќе видиме колку плод ќе донесе големата активност на ИНТЕГРА која имаше слични контакти со Македонците во Америка и Европа. Дали најпосле ќе се скрши монополот на СДСМ и ВМРО–ДПМНЕ и ќе се појави нова партија која ќе донесе вистиски промени.

Останати вести