Во новата сезона на Формула 1 еден од домаќините на трката ќе биде Саудиска Арабија.Трката во Саудиска Арабија ќе се одржи во декември, а сега се знае како ќе изгледа патеката.
Тоа е улична патека долга 6.17 километри и ќе биде втора најдолга во календарот, веднаш зад легендарните Спа-Франкоршам.
Просечната брзина ќе биде околу 250 км на час, што ја прави трката во Џеда најбрзата улична трка во календарот на Формула 1. На патеката има вкупно 27 свиоци, а се работи и за најдолга патека во Ф1 по „Спа” во Белгија.
Трката е предвидено да се вози ноќе, на 5 декември и ќе биде трета на Блискиот Исток, по оние во Бахреин и Абу Даби.