Нови македонски дипломати во Канбера и во Мелбурн

Како вршител на должноста амбасадор на Република Македонија во Канбера во недела беше најавено пристигнувањето на Грета Станоевска. Тоа е одговорна и брза замена за заминатиот амбасадор Веле Трпевски.

Дознаваме дека во април се очeкува уште еден дипломат во Мелбурн, на испразнетото место на конзулката Бети Коруновска, доаѓа Ненад Колев. Во Мелбурн Република Македонија нема конзул безмалку 10 месеци откако Бети Коруновска замина после нејзиниот тригодишен мандат.

Останати вести