Планот што го претстави австралискиот министер за инфрастуктура и население Алан Туџ, се предвидува новодоселените мигранти да не смеаат да се населеуваат во големите градови во првите пет години од нивното пристигнување во Австралија.
Тој нагласи дека со ваквиот план Владата сака да го намали „дисбалансот” во бројот на населението меѓу градовите во земјата, па затоа на новодоселените мигранти ќе им бидат доделувани субвенции за населување во помалите места и руралните области. Според статистичките податоци, бројот на жителите на Австралија годишно се зголемува за околу 400.000 лица, во најголем степен поради доселувањето на мигранти, кои најчесто се населуваат во големите градови, како Мелбурн, Сиднеј или Бризбејн.
Владата може да ги ограничи местата каде да се доселуваат мигранти
Австралиската Влада претстави предлог според кој мигрантите ќе бидат присилени да живеат вон Сиднеј и Мелбурн. Таа политика би требало да го намали бројот на жители во двата најголеми града во Австралија и да ги поттикне регионалните области, најавуваат властите.
Австралија размислува да воведе мерки според кои мигрантите неколку години би морале да живеат во рурални и зафрлени области на земјата, далеку од големите градови. Имено, Австралија, која во голема мера е слабо населен континент бидејќи поголемиот дел е пустина, има годишна стапка од раст на населението од 1,6 отсто, што е една од најголемите стапки според податоците на Организацијата за економска соработка и развој.
Владата може да воведе и визни услови – да го ограничи тоа каде некои мигранти живеат до пет години. Моментно, околу три петтини од австралиската популација од 25 милиони луѓе живеат во Сиднеј и Мелбурн.
Сиднеј, Мелбурн и југоисточниот дел на Квинсленд се урбани зони во кои е побрза стапката на миграција, а австралиските власти нагласуваат дека притисокот на градовите ја чинел австралиската економија околу 15 милијарди австралиски долари. Ќе чини уште 40 милијарди до 2030. година, ако не се преземе ништо, ситуацијата ќе излезе од контрола, па затоа австралиските власти сметаат дека со преселувањето на мигрантите во овие области ќе помогнат во спасувањето на економијата и смирувањето на ситуацијата.
До доаѓањето на доселениците од Европа кон крајот на 18. век, Австралија била населена претежно со Абориџини. Од тогаш на тој континент дошле мигранти од целиот свет. Речиси половина од Австралијците се родени во странство и имаат барем еден родител надвор од тој континент.