Нови правила и закони од 1 јули

Новата финансиска година пристигна. Тоа е важен настан што доаѓа на половина од годината со воведени бројни големи промени на закони и правилници, казни, даноци и олеснувања. Еве што е важно да се знае од 1 јули 2020 година.

Од оваа дата сите спортови во заедницата ќе можат повторно да стартуваат во Нов Јужен Велс додека државата продолжува со попуштање на рестрикциите воведени поради коронавирусот. Промената на ова правило значи и повторно одржување на контактни спортови од наведената дата и отворање на штандови со храна во спортските објекти. Повторно ќе започнат и спортовите за деца.
Возачите во Западна Австралија фатени како користат телефони за време на возењето ќе мораат да платат максимална казна од 1.000 долари на лице место а, ќе бидат казнети и со 4 казнени поени почнувајќи од 1 јули.
Нови построги мерки ќе се применуваат и за возачите кои ќе бидат фатени при пишување смс пораки, користење социјални мрежи, гледање видеа, користење е-пошта или Интернет на мобилните телефони за време на возењето. Казната за овој прекршок ќе биде двојно поголема отколку што е сега, 400 долари, и сега е на исто ниво со Квинсленд каде строго се казнува овој прекршок. Оние кои ќе го допираат телефонот додека нивното возило стои на семафор или ако разговараат со телефонот во рака ќе бидат казнети со 500 долари и три казнени поени.
Трошоци за работа од дома
Привремената мерка на даночната управа која се однесува на надокнадата за трошоци за работа од дома во период од први март до 30 јуни престанува да биде на сила во новата финансиска година.
Во настојувањето да се олесни ситуацијата на милиони граѓани кои се најдоа одвоени од канцелариите за време на врвот на пандемијата, претходно беше најавено дека на луѓето ќе им се овозможи да бараат надокнада при стапка од 80 центи по час за сите тековни трошоци, наместо да се пресметуваат трошоците поединечно, нешто што даночните обврзници мораше да го прават. Ако и понатаму работите од дома од 1 јули надокната на трошоците ќе се прави на ист начин на кој се правеше пред пандемијата.
Надокнади за работниците
Измена и дополнувања на законот за надокнада и рехабилитација за работна повреда и измени на другите закони од 2019 година парламентот на Квинсленд го донесе минатиот октомври, но новите правила ќе се применуваат од 1 јули.
Од оваа дата, оние вработени што сами го плаќаат своето осигурување ќе мораат на осигурителите да им ги пријавуваат повредите и било какви исплати кои му се исплатуваат на работникот. Покриеноста на надокнадата за работниците исто така ќе се прошири и за неплатени практиканти, а работодавците на координаторите за работа и осигурителното друштво ќе мораат да им достават детален увид за нивната рехабилитација и враќање на работа.
Смрт на работно место
Нови правила поврзани за смрт на работното место во Викторија стапуваат на сила согласно со Дополнувањето на законот за безбедност при работа (смрт на работно место и останато) кој во парламентот е донесен во ноември 2019 година.
Резултат на овие промени на законот се построгите казни за немар кои предизвикува смрт на работното место, вклучувајќи и казна од $16.5 милиони за работодавците и до 20 години затвор за поединци.
Предвремено користење на пензиите
Од 1 јули 2020 година привремената дозвола за предвремена исплата на суперануацијата поради КОВИД – 19 нема да биде можна за оние со привремен престој. За жителите на Австралија и Нов Зеланд кои се со траен престој и ги исполнуваат условите ќе можат да се пријават за исплата до $10.000 долари од 1 јули до 24 септември 2020 година.
Флексибилност за старите граѓани
Во буџетот за 2019/2020 година влада најави дека дополнително ќе ги намали тестови за работа за пензински доприноси. Ова значи дека од 1 јули оние на возраст од 65 и 66 години ќе можат да вршат доброволни придонеси за пензија од приходите пред оданочување и по данокот а, при тоа нема да мораат да ги задоволат одредбите за работа.
Правилото за плаќање однапред во пензински фонд со уплата по данок до 67 години исто така се укинува од споменатата дата па и тие на возраст од 75 години ќе можат да даваат придонеси за сопружниците.
Ова на граѓаните ќе им овозможи повеќе можности за уплатување доприноси во пензинските фондови дури и ако веќе се во пензија и на постарите ќе им се даде поголема флексибилност при штедењето.
Одложување на новите закони за изнајмување
Примената на пакетот нови закони за изнајмување кои во Викторија требаа да почнат од 1 јули ќе бидат одложени до 1 јануари 2021 година, поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Како резултат на тоа примената на Законот за дополнувања на законите за наем на недвижности за домување од 2018 година ќе бидат одложени за следната година.
Приматели на социјална помош ќе добиваат попуст на казни
Владата на Нов Јужен Велс најави дека за сите кои се приматели на социјална помош од државата ќе можат да се пријават нивните казни да ги превземе Даночната управа и да ги преполови на половина. Овој попуст се однесува на сите пријавени во Centerlink, вклучувајќи ги и оние кои се пријавени во програмите JobKeeper и JobSeeker.
Владата на Нов Јужен Велс во неделата објави дека сите оние кои примаат владина социјална помош ќе можат во Даночната управа на Нов Јужен Велс да се пријават казните да бидат намалени. Ова ги опфаќа и сообраќајните прекршоци како што се пребрзо возење, како и попуст на прекршоци кои се однесуваат на казни кои ги издава полицијата. Измените на законот стапуваат на сила на 1 јули.

Рано ослободување на superannuation
Од 1 јули 2020 до 24 септември 2020 година поединци кои ги исполнуваат условите и привремени жители што ги исполнуваат условите ќе можат да поднесат барање на интернет преку myGov да имаат пристап до $10,000 од нивниот superannuation.
Раното располагање со вашиот superannuation ќе влијае на билансот на вашата заштеда и може да влијае на вашиот приход кога ќе се пензионирате. Размислете да побарате финансиски совет пред да побарате рано ослободување на вашиот superannuation.
Повеќе информации за раното ослободување на superannuation може да добиете на www.ato.gov.au/coronavirus, или ако сакате да разговарате со Даночната служба (АТО) на македонски јазик, јавете се на Преведувачката служба (TIS National) на 13 14 50.

Останати вести