Случај на КОВИД -19 предизвика нови правила за патување внатре во Австралија

Сојузните државите воведоа нови правила за патувања по повеќе случаи на локална инфекција со коронавирусот во Бризбен.

Насоките за патувања кои се однесуваат на појава нови инфекции на КОВИД -19 во Бризбен се различни во секоја од државите и територии.
Минатата седмица здравствените власти на Квинсленд открија 15 случаји на пренос во заедницата поврзан со случајот на маж од Stafford кај кој прв беше потврдена зараза со коронавирусот.
Премиерката на Квинсленд Анастасија Палашчук објави дека здравствените власти, италијанскиот ресторан на адреса 69 Redcliffe Parade во Redcliffe го прогласија за место со висок ризик бидејќи првиот познат случај таму престојувал од 12:30 до 15:10 часот на 28 март.
Следните одредби ќе се применуваат за сите патници кои во другите држави и територии влегуваат од Квинсленд.
Западна Австралија
Сите кои во Западна Австралија пристигнуваат преку Квинсленд ќе мораат да одат во самоизолација во траење од 14 денови или до моментот на добивање негативен наод од тестирањето согласно со привремената контрола на границата воведена. Патниците мораат да се тестираат на КОВИД во рок од 48 часа од влегување во Квинсленд.
Ако некој патник од Квинсленд посетил локација со висок ризик во Бризбен или Moreton Bay, мораат да се тестираат по доаѓањето како и единаесетиот ден од почетокот на 14-дневната самоизолацијата, без разлика на наодите од тестот.
Нов Јужен Велс
Министерството за здравство на Нов Јужен Велс ги моли сите кои биле во Бризбен или во областа Moreton Bay во изминатите 14 денови да пополнат образец за патници.
Во него треба да потврдат дали посетиле било која од локациите со голем ризик кои се наведени на интернет страницата на Министерството за здравство на Квинсленд. На лицата кои ги посетиле тие места нема да им биде дозволен влез во Нов Јужен Велс. Оние кои веќе се наоѓаат во Нов Јужен Велс, а посетиле некое од местата со голем ризик, веднаш да одат во самоизолација и да се јават на здравствените власти на Нов Јужен Велс.
Ако сте престојувале во Бризбен или во областа Moreton Bay во изминатите 14 денови, но не сте ги посетиле местата со висок ризик, следете ја појавата на симптоми и интернет страницата на Министерството за здравство на Квинсленд за најнови информации.
Викторија
Бризбен и Moreton Bay се прогласени за „портокалови зони” согласно со системот за дозвола за патувања во Викторија, што значи дека секој кој влегува во државата од тие области мора да оди во самоизлација на 72 часа од доаѓањето. Тие лица мораат да се јават на тестирање и да останат во изолација се додека не добијат негативен наод од тестирањето.
Јужна Австралија
Јужна Австралија не воведе никакви рестрикции поврзани за доаѓање патници од Квинсленд.
Сите кои во државата влегле од Бризбен или Moreton Bay се молат да се јават на тестирање и веднаш да се упатат во самоизолација до добивање на негативен наод од тестирањето.
Овие патници исто така се молат да се тестираат петиот и тринаесетиот ден по доаѓањето.
Тасманија
Тасманија ги затвори своите граници за сите кои ги посетиле местата изложени на вирусот како е наведено на интернет страниците на Министерството за здравство на Квинсленд освен ако не се работи за лица кои имаат дозвола поради извршување клучни работи.
Сите оние кои веќе се наоѓаат во државата а, ги посетиле местата со висок ризик се молат да одат во самоизолација и да ги контактираат здравствените власти преку телефон.
АСТ
Сите кои престојувале во Бризбен или во областа Moreton Bay во било кој момент од 11 март и подоцна се молат да се јават на тестирање и да се упатат во самоизолација до добивање на негативен наод од тестирањето. Ова не вклучува лица кои поминувале исклучиво низ аеродромот на Бризбен.
Сите кои влегуваат или веќе се наоѓаат во АСТ, а кои го посетиле поширокото градско подрачје на Бризбен на 11 март или подоцна, мораат да пополнат образец за патници во рок од 24 часа од доаѓањето. Оние кои престојувале на локациите со голем ризик мораат да се упатат во карантин на 14 денови, да се тестираат и да се јават на телефон на здравствените власти на АСТ.
Лицата кои престојувале на локации со низок ризик мораат да се тестираат и да одат во самоизолација додека не добијат негативен наод од тестирањето и мораат на телефон да се јават на здравствените власти на АСТ.
Северна Територија
Сите кои во Северната Територија пристигнале од Квинсленд од 20 март или подоцна мораат да одат на тестирање на КОВИД – 19.

Останати вести