Новите трактори ќе помогнат во истражувањето

Австралиската програма за истражување на Антарктикот откри планови за набавка на нова флота трактори за работа во екстремни услови со кои ќе може да се истражуваат досега недостапни делови на овој континент.

Се очекува дека новата флота возила за Антарктиркот ќе овозможи извлекување на милиони години стара ледена срж од замрзнатиот континент. Плановите за зајакнување на австралискиот научен и оперативен капацитет во следните две децении ги откри Австралиската програма за истражување на Антарктикот. Заедно, пет трактори ќе можат да влечат над 300 тони опрема и гориво до 1.500 км во внатрешноста на континентот, откривајќи ги претходно недостапните области на јужниот пол. „Ќе ни овозможат влез во внатрешноста во сите временски услови и пристап до области до кои не можеме да пристапиме со летала” – рече раководителот на проектот Anthony Hull. По градењето, нивната прва експедиција ќе биде патување од 1.200 км од австралиската истражувачка станица. Од неа научниците ќе почнат бушење на 3.000 метарска длабока ледена срж за која се очекува дека ќе го разјасни минатото на климата на земјата.
„Милиони години ледената срж престставува прозорец во времето кога се случувале големи промени во климатскиот систем на Земјата и кога постепено е успорена редовната појава на леденото доба” – рече глациологот на Австралискиот оддел за Антарктик, д-р Tas van Ommen.
„Соработуваме со нашите меѓународни соработници за да разбереме што ја предизвикало оваа промена затоа што веруваме дека тоа може да ни помогне во подобро разбирање на денешните климатски промени”.
Се очекува дека извлекувањето на ледената срж ќе трае неколку летни сезони.
„Обично во тек на добра сезона може да се буши неколку стотици метри. Можеби 1.000″ – рече д-р Tas van Оммен. Дел од флотата се и две гасеници за снег кои ќе го трасираат патот за тракторите. Австралиската влада во 2016 година одвои $45 милиони за повторно да се воспостави можноста за патување по Антарктикот и бушење на ледената срж стара милиони години.

Останати вести