На подморницата на Мадсен дошла за да напише приказна за бизнисменот и сопственик на една од најголемите приватни подморници на светот.
Обезглавеното женско тело било пронајдено во заливот кај Копенхаген, каде данската полиција трагала по шведската новинарка Ким Вал, чиешто исчезнување во полиција го пријавило нејзиното семејство.
Трупот без глава, нозе и раце, бил откриен само неколку часа откако данскиот бизнисмен, 46-годишниот Петер Мадсен, осомничен за убиството на новинарката, им кажал на полицајците дека умрела додека била со него на неговата подморница.
Мадсен (46) тврди дека Вал умрела во несреќен случај, и дека потоа ја оставил во морето, променувајќи го претходниот исказ дека ја истоварил жива во Копенхаген. Трупот го видел велосипедист кој минувал покрај заливот Коге, токму на местото каде Мадсен рекол дека ја истоварил новинарката.
Вал последен пат била видена на 10 август на подморницата „УЦ3 Наутилус”, која ја изградил Мадсен, но тој инсистирал дека истата вечер ја истоварил Вал на копно.
Мадсен бил собран од данската морнарица на 11 август, кога неговата подморница потонала. Семејството на Ким го пријавило нејзиното исчезнување, а данските власти соопштиле дека пронашле докази дека подморницата била намерно потопена, очигледно за Мадсен да ги сокрие трагите од убиството, а не поради дефект, како што тврдел.
Вал била шведска фриленс новинарка, која живеела на две адреси, во Њујорк и Кина, а веќе известувала за „Њујорк тајмс”, „Гардијан” и „Тајм”. На подморницата на Мадсен дошла за да напише приказна за бизнисменот и сопственик на една од најголемите приватни подморници на светот, долга 18 метри, во која вложил најмалку 200.000 долари.
Тој на полицијата и велел дека не ја убил новинарката, туку дека ја истоварил во близина на ресторан пред да потоне подморницата. Меѓутоа, сега ја променил приказната, но не е јасно што се случило на подморницата и зошто ја убил Ким.