Новинарот Зоран Божиновски, кој беше испорачан од страна на српските власти, бил изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, каде побарал дополнително време за да се изјасни по наводите во барањето за истрага.
Божиновски е еден од осомничените во случајот “Шпион”, но бидејќи побегна од земјата, против него судската постапка беше одвоена од остантите до неговото екстрадирање. Во 2013 година Божиновски еднаш беше во екстрадиционен притвор во Нови Сад (каде што се беше засолнил), но тогаш српскиот суд одби негово испорачување во Македонија.
Во средината на април тој повторно беше уапсен во Нови Сад и за 12 часа беше испорачан во Македонија.
Оттогаш е во притвор според старата судска потерница.
Целиот негов случај ќе се води според стариот Закон за кривична постапка.
Забележано е дека при неговото изведување пред судијата на претходна постапка се појавил обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал, иако СЈО донесе решение за преземање на целиот случај “Шпион”, кој сега е на разгледување пред Апелацискиот суд.