„Воскресение Христово“ – ново видео во Бигорската обител

Во пресрет на најголемиот православен христијански празник, Празникот над празниците – Воскресението Христово, Велигден, Бигорската обител подготви ново видео, овој пат „Воскресение Христово”.

– Речиси пристигнавме до најголемиот и најрадосен православен христијански празник – Воскресението Христово, Велигден. Со самиот радосен контекст, со ова видео ги воведуваме и подготвуваме верниците за прославата на Воскресението Христово, но истовремено и ги потсетува на големите страданија кои Господ Исус Христос ќе ги поднесе за спасение на човечкиот род – велат од Бигорската обител.
Токму затоа, посочуваат, е потребно сите заедно да дадеме придонес во оваа навистина значајна и важна подготовка, обидувајќи се да внесеме вистинска претпразнична и радосна атмосфера во срцата на верниците, насочувајќи ги кон размислување за големите дела кои Христос ги изврши на земјата.
Бигорскиот манастир пред празникот Велики поклади – Прочка, ден пред Велигденските пости, исто така подготви видео со наслов „Умилителна Вечерна на простувањето – Прочка во Бигорски”, а деновиве и видео посветено на Страдањата Христови, како вовед до последната недела од големиот пост.
И во двете се искористени материјали од минатогодишното празнување во Бигорски, за време на Неделата на простувањето – Прочка и празнување на Страдалната Седмица во Обителта.

Останати вести