Новозеландскиот бискуп си поднесе оставка по пријава од млада жена

Католички бискуп на Нов Зеланд поднесе оставка откако црковното тело го истражи обвинението од млада жена поради „неговото несоодветно однесување од сексуална природа”.

Папата Франциск ја прифати оставката на бискупот Чарлс Дренан од Палмерстон, рече кардиналот Џон Дју, митрополитот и архиепископ на Нов Зеланд.
– Бискупот Дренан му поднесе оставка на папата Франциск по истрагата за судска постапка за обвинение за сексуално однесување, се вели во изјавата на Дју објавена на веб-страницата на Католичката епископска конференција на Нов Зеланд.
Самостојното истражно тело на Нов Зеланд, Националното биро за професионални стандарди (НОПС) ја спровело истрагата.
– Во очите на Католичката црква, однесувањето на бискупот Дренан е целосно неприфатливо и ние целосно ја поддржуваме младата жена која се обрати во НОПС, додава Дов.
Католичките свештеници мора да бидат посветени на целибат, иако тие во реалноста се вклучени во случаи на сексуална злоупотреба ширум светот.

Останати вести