Американците предупредени да се подготват за нуклеарна војна

САД можеби сè поблиску до нуклеарна војна со Русија по зголемувањето на нивната подготвеност за одбрана при напад, пренесува британски „Експрес”.

„Дефкон”, скратеница од „Дефенс кондишн” односно состојба на одбраната, е систем за предупредување што САД го користат за да ја покажат моментната закана од нуклеарна војна. Системот има пет степени на предупредување, од „Дефкон 5″, кој е најмал, до „Дефкон 1 “, кој е највисок. Моментно „Дефкон” е на 5. ниво, но според некои шпекулации, заканата тајно била ставена на „Дефкон 3″, што значи дека САД може да мобилизираат трупи за само 15 минути. Американската војска не го споделува статусот на „Дефкон” со јавноста поради безбедносни причини.
„Дефкон” беше на третото ниво по нападите на 11 септември 2001 година. Сега на интернет-страницата „Дефкон варнинг систем” стои дека пак е зголемено нивото на предупредување. Иако моментно нема директни закани кон САД, наведено е дека ситуацијата е непостојана и може брзо да се смени. Исто така, нагласени се и лошите односи меѓу САД и Русија и стравовите од војна меѓу овие ривали.
– Ситуацијата меѓу Русија и САД во овој момент е екстремно непостојана. Најверојатно е динамична како во времето на Kубанската ракетна криза во 1962 година. Во овој момент „Дефкон варнинг систем” чувствува дека покачувањето на „Дефкон 3″ би бил паметен потег – се наведува на интернет-страницата.
Теоретичарите дури и тврдат дека било премолчено и поместувањето на „Дефкон” на второ ниво кога Путин ги повикал Русите од странство да се вратат дома.

Останати вести