Ова е список од оние намирници за кои што може да се каже дека речиси и да немаат калории а сепак изобилуваат со хранливи состојки, при што калориите се практично занемарливи.
Често при купувањето на намирници и подготовка на оброци гледаме како да ја избалансираме храната, за таа да има колку што е можно помалку калории. Ваквото размислување е присутно кога сакаме да го изгубиме вишокот на килограми и кога ја планираме исхраната врз основа на вносот на калории.
Во суштина, за добро чувство и здравје, најважно е да консумирате здрава храна.
Карфиол – Ова е храна која што буквално поседува нула калории. Карфиолот е одлична намирница во борбата против ракот, содржи хранливи состојки и витамини. Проверете дали сте додале добар дел од карфиол на вашата чинија во текот на изминатата недела.
Кафе – Кафето исто така нема калории. Значи следниот пат кога ќе уживате во шолја вкусно кафе, не мислете на калориите.
Поточарка – Ова е единствена храна која што освежува а има само 4 калории. Ова е една од најдобрите намирници ако планирате да се ослободите од вишокот на килограми, како и ако сакате да го одржите нивото на калории.
Зелена салата – Зелената салата има само 5 калории! Додадете зелена салата во вашиот оброк, без двоумење и уживајте во бројните благодети кои што ги пружа оваа салата. Одлична е за кожата, благотворно делува на нервите, бубрезите и срцето.
Рукола – Ова е една од најдобрите намирници со само 4 калории по порција. Помалку лутиот вкус на руколата му ги обезбедува на вашето тело потребните количества од калиум, влакна и витамини кои што помагаат и во процесот на слабеење.
Лимон – Секој лимон поседува само 20 калории. Лимонот е преполн со витамин Ц и претставува одличен избор на здрава храна. Значи проверете дали оваа недела сте го вклучувале доволно и лимонот во вашата исхрана.
Зелка – Секоја главица зелка содржи само 22 калории. Зелката е одлична како превенција во борбата против ракот и содржи многу хранливи состојки. Исто така, изобилува со витамини кои што се здрави за телото.
Домат – Да, доматот има само 22 калории. Може да го јадете свеж, како салата или сварен. Конзумирањето на повеќе домати ѝ дава сјај на вашата кожа и помага да ги отстраните токсините од телото.
Шпаргли – Оваа храна има само околу 27 калории. Шпарглите ви помагаат да останете здрави и да останете сити. Оваа намирница секако заслужува место на нашата листа на намирници без калории.