Претседателот Обама се обрати на мал одбран круг луѓе

Факти и логика се ставени на тест низ светот, изјави поранешниот претседател Обама пред одбран круг луѓе во Сиднеј.

Поранешниот американски претседател Барак Обама изјави на ексклузивен приватен настан во Уметничката галерија на Нов Јужен Велс: „Фактите, разумот и логиката се ставени на тест низ светот.”
Поранешниот лидер на демократите им се обрати на 350 гости на настан на кој можеше да се дојде само со покана.
Christine Forster се наоѓаше меѓу нив и се огласи на Твитер велејќи дека поранешниот американски претседател рекол дека младите луѓе немаат доверба во постечките институции и повика да се зајакнат движењата за промени. Kelly Slessor, основачка на австралиска модна апликација и продавница You беше поканета на овој ексклузивен настан и изјави дека било „неверојатно.” Рече и дека Обама зборувал околу еден час за се – од Фејсбук и Мајкрософт до Бин Ладен, воспитување деца и разновидност. Таа додаде и дека Обама ја нагласил важноста на младите луѓе кои „се двигатели на промените” како и жените на работни места. За овој настан немаше билети во слободна продажба, но Slessor изјавила оти меѓу присутните се наоѓале различни деловни луѓе, вклучувајќи го познатиот готвач Matt Moran и членка на Градското собрание на Сиднеј Linda Scott. Вечерата не била отворена за медиумите, а тематски била наречена „Да се покренат позитивни промени”.
На поканите со златни и црни букви било напишано: „Промената никогаш не била поблиску отколку што е денес. Технологијата ги руши традиционалните правила. Важно е сите да размислуваме за тоа како ќе одговориме на промената, како ќе влијаеме на неа и како да ја направиме позитивна”.
Дента Обама ја разгледувал операта во Сиднеј, а на прашањето што мисли за градот, рекол: „Прекрасно, убаво, ми се допаѓа.”
Се сретнал и со прајминистерот Малколм Турнбул, по ручек што го имал во Нов Зеланд, каде бил во посета на премиерката Џасинда Ардерн и поранешниот лидер Џон Кејџ.
Полициските претресувања и осигурување на сигурносен простор претходел на доаѓањето на Обама на аеродромот, а големо ниво на безбедност го следел поранешниот лидер на пат до хотелот Intercontinental кој се наоѓа во бизнис центарот на Сиднеј. Сообраќајот беше сопрен, а полициски службеници ја блокирале улицата за црното BMW во кое се возел Обама.
Минатиот четврток, Обама на Нов Зеланд им се обрати на стотина луѓе на приватен настан по службеното добредојде во владината куќа во Wellington.
Обама една недела се наоѓа во посета на Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и Јапонија, а по Сиднеј негова следна дестинација е Токио.

Останати вести