Бил Шортен и Тони Абот – обединети за Средниот исток

Бил Шортен и Тони Абот ги усогласија своите ставови околу надворешната политика, нешто што досега дома не го покажаа. Нивниот заеднички став уште повеќе се акцентираше преку неколку минутниот хумор во еден ерусалимски ресторан.

Тие двајца разговараа со лидерите на палестинските власти во Рамала и се задоволни што можеа да се релаксираат на ручек во Израел. Според протоколот, највисокиот рангиран Австралиец во девет члената група, која се сретна со палестинскиот премиер Рами Хамдала беше министерот за трговија Стефен Чиобо. Но поранешниот прајминистер и алтернативниот прајминистер на лабуристите без конкуренција имаа најсилни гласови меѓу посетителите.
Откривајќи го текот на разговорите, се дознава дека Абот и Шортен целосно се согласиле на различни теми. При тоа членот на лабуристите во еден момент го постави следното прашање. „Бил, исправи ме ако грешам, но зошто Палестинците би мислеле дека оваа делегација на Австралици треба да се кара меѓу себе? Станува збор за австралиска политика околку која двете партии се сложуваат веќе 30 години, иако постојат некои помали разлики. Мислам дека некои членови на делегацијата се насмеаа кога го споменав проблемот на минималната плата” – рече тој. Но Израелската- палестинска пат позиција е премногу сериозна за да во оваа прилика би се разговарало за домашните политички проблеми. Од овој разговор двајцата извлекоа заеднички позитивен став, а тоа е осудата на Хамдала упатена кон Исламската држава или Daesh и покрај фактот што тој стои на ставот дека само тројца или четири негови луѓе им се приклучуваат на терористите. Шортен кажа дека го охрабрува коментарот на Палестинците дека членовите на Daesh се „терористи кои ја користат верата како изговор за правење злосторства”.

Останати вести