Прекрасен обединувачки настан

Панорамска слика од фестивалот

Четвртиот Македонски фестивал на храната се одржа во неделата, на 25 октомври, на 25 Ferras Blvd во South Morang, од 10:30 па се до 18:30. Македонско Австралиската организација на заедницата (МАСО) повторно успеа да ги обедини друштвата, организациите и бизнисите за да подготват настан со кој сите можеме да се гордееме. 

Фестивалот, како и во изминатите години, понуди автентична македонска храна, музика, ора, забава за децата и можност за дружење. Мирис на ќебапи, топлина од жешка скара и македонски звуци го исполнија воздухот. Имаше по нешто за секого, за што сесрдно се погрижија организаторите на фестивалот од МАСО.
Навистина обединети можеме многу повеќе да постигнеме.
Свое учество на фестивалот оваа година имаа рекорден број играорани групи, дури 8 од Викторија и 1 од Сиднеј. Настапија: КУД “Светлост”, КУД „Никола Карев”, КУД „Јане Сандански”, КУД „Александар III Македонски”, КУД „Бисер”, КУД „Танец”, КУД „Тоше Проески”, КУД “Гоце Делчев” и гостите од Сиднеј КУД “Илинден”. За забавниот дел се погрижија естрадните ѕвезди Татјана Лазаревска и Новица Василевски, како и уметниците Вера Трајкоска, Мајкл Димовски, ДиЏеј Мангал, младите таленти: Николас Петерсон, Лавинија и Џесика, Бела Думаловски, Лавиниа Тошев, Шанел Саботкоски, Татиана и Клаудија и многу други. Имаше рецитирања од литературното друштво “Браќа Миладиновци”, настап на сениорската играорна група „Весели Македонки”. Присутен беше и познатиот фудбалер на Мелбурн Виктори Даниел Георгиевски, кој беше вистинска сензација за младите па и постарите кои сакаа да се сликаат со него и да добијат автограм.
Македонскиот фестивал на храната и оваа година успеа да создаде пријатна атмосфера искористувајќи го прекрасното време а повеќе илјадници луѓе задоволни непрестајно како река доаѓаа и си заминуваа во текот на целиот ден.

КУД Илинден од Рокдаел имаше исклучително професионален настап

Томе Стојанов од струмичкото друштво ги прикажуваше убавините на Македонија

Поранешниот градоначалник Трајче Атанасовски најави дека после шест години пауза следната година ќе се кандидира во општина Бримбенк

Боби и неговата ќерка Елена Котевски

КУД Гоце Делчев

КУД Светлост

Новица Василевски, Татјана Лазаревска и фотографот Никола Неделковски

Најмладото уметничко друштво Тоше Проески

МКУД Јане Сандански

Дамите од КУД Александар Македонски

Присутно беше и Македонското добротворно друштво MCWA, заедно со Дијана Стерјовска

Социјалното друштво од Демир Хисар имаше слатки за сечиј вкус

Управата на ММД Никола Карев неуморно работеше

Уредникот на македонските весници АМН и АМТ Игор Павловски со Лидија Нешковска, главната организаторка на Македонскиот фестивал за храната и претседателка на MACO

КУД Александар Македонски III оваа година беше задолжен за продавање на алкохол на фестивалот

Јордан Груевски и Ник Анастасовски промовираа македонски книги

КУД Танецпрв го распродаде својот инвентар и можеше да одмори

Го забележавме Стеван и Славица Ангелевски со Марија и Ненад Стојменов

Водителите на програмата Џим Димовски и Славчо Трајковски со Даниел Георгиевски

Останати вести