Како обемот на вратот влијае врз вашето здравје

Доколку обемот на вашиот врат е поголем од просечниот, можеби ќе се соочите со некој од следните проблеми – не можете да го закопчате последното копче на вашата кошула а можеби имате поголем проблем од помислата дека тоа делува прилично неуредно.

Во новата студија од Бразил се истакнува дека мажите со голем обем на вратот имаат поголеми шански да развијат некое срцево заболување.
Откако спровеле истражување помеѓу 4.000 мажи, научниците објасниле дека просечниот обем на вратот кај мажите изнесува околу 38 сантиметри.
Со секои дополнителни 2,5 сантиметри во обемот на вратот над просечниот, мажите имаат за 32 отсто поголеми шански да развијат отпорност на инсулин, 24 отсто поголеми шанси да имаат зголемен крвен притисок, 50 отсто поголеми шанси да им скокне вредноста на триглицеридите, како и 22 отсто поголеми шански да имаат низок ХДЛ или добар холестерол.
Масните наслаги кои се наоѓаат во пределот на вратот, може да предизвикаат производство на инфламаторни супстанции кои придонесуваат за насобирање на плак во каротидните артерии на вратот што влијае лоѓо на срцето, тврди авторката на споменатата студија, Кристина Баена.
Меѓутоа мажите на кои вратот им е подебел не поради масните наслаги, туку бидејќи имаат развиени трапезасти мускули, се чини дека нема да ги почувстуваат наведените последици.
Затоа размислете за следниот чекор – измерете го вашиот врат. Доколку неговиот обем е поголем од 39 сантиметри посетете лекар поради превентивен преглед, тврди физиотерапевтот Баена.
Можеби ќе биде потребно да ви се измери крвниот притисок, да би се провери нивото на шеќерот и холестеролот.
Во својата студија Баена истакнува дека оние мажи кај кои обемот на вратот е поголем во однос на просечниот, имаат и до три пати поголеми шанси да развијат срцеви проблеми и8 други здравствени проблеми.

Останати вести