Во обидот за пуч загинаа 265 лице, 1.440 се повредени, 2.839 се уапсени

Турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес-конференција во Анкара изјави дека во обидот за државен удар загинале 161 лице, а 1.440 се ранети. Тој истакна дека сепак овие бројки за сега не се финални.

Според неговите зборови, 2.839 припадници на војската се уапсени и дека ситуацијата сега е под целосна контрола на власта.
Јилдирим соопшти дека командата ја преземале воени лица лојални на претседателот Реџеп Таип Ердоган и дека бунтовниците киднапирале одреден број на воени команданти со различни чинови.

Издадена наредба за апсење на 2.745 судии и обвинители во Турција

Турските власти издадоа наредба 2.745 судии и обвинители да бидат уапсени за поврзаност со обидот за воен удар во земјата, јави турската приватна телевизија НТВ.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган обвини дека приврзаниците на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен стојат зад обидот за преврат.
Ердоган подолго време обвинува дека поранешниот сојузник Ѓулен, има создадено паралелна структура во судскиот систем, армијата, образованието и медиумите, и дека има за цел да ја симне владата.
Ѓулен, кој живее во САД, ги отфрли ваквите обвиненија и јавно го осуди обидот за воен удар.

Останати вести