Разликата е во Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар

ОБРАЌАЊЕ НА ПРАЈМИНИСТЕРОТ ЗА ВЕЛИГДЕН:
Имавме реакции од поединци кои се најдоа навредени од честитката на прајминистерот на Австралија Малколм Трнбул, кој минатиов петок го честиташе Велигден на нацијата, и притоа кажа дека на 1 мај и Грците и православните христијани го слават овој празник.

Во поплаките се слушаше дека за жал, не научил прајминистерот дека православниот Велигден го слават нешто повеќе од 300 милиони жители на планетава, Македонците, Русите, Србите, Црногорците, Украинците, Бугарите, Романците, Молдавците, Белорусите, и еден спектар од Копти во Африка и на Блискиот Исток, како и многу други кои се на стариот христијански календар. Притоа веќе е започната и петиција за укажување на прајминистерот дека православниот Велигден не е грчки!
Сепак тој тоа не го кажа на начин на кој се претставува од поединци, и треба да се забележи дека освен што ги фаворизира Грците кои ги издвојува посебно во пораката им го честита Велигден и на другите православни христијани.
За ваша информација ви ја пренесуваме спорната реченица од обраќањето на прајминистерот Трнбул за Велигден што трае 1 минута и 39 секунди: “For Greek and other Orthodox Christians Easter is on 1 of May…”
Како што можете да прочитате, освен што Грците изгледа најдобро се рекламираат кај политичарите сепак тие полека сфаќаат и се внимателни да не ги навредат останатите. Мора да признаеме дека е подобро од минатите години кога се честиташе само за Грчки Велигден, сега има дистинкција дека има и други православци, и тоа вистински кои ги славата и Божик и Велигден на еден календар, а не како Грците Божик со католиците а Велигден си го прават со останатите православци.
Расколот меѓу најголемите христијански цркви, католичката и православната, датира од 1054 година, но се очекува, според последните индикации од двете цркви, во наредните 20 години барем календарите да се ускладат. А разликата во пресметување на празниците е од пред околу пет векови кога католичката црква за време на папата Грегори XIII, во 1582 година, го има воведено Грегоријанскиот календар. Православците и денес ги слават празниците според Јулијанскиот начин на сметање кој е од времето на Јулие Цезар. Разликата во времето меѓу двете цркви за воскреснувањето на Исус Христос е се уште присутна, но се очекува во иднина таа да се усклади бидејќи Исус Христос можел да воскресне само еднаш.

Останати вести