Наместо од небото, снег паѓа од вашата глава. Доколку имате првут, веројатно веќе сте пробале многу шампони за коса. И сепак нема резултати.
Решението е многу едноставно.
Најчестиот виновник за првутот е габичката питироспорум, а неа најефикасно ја елиминира најобичниот оцет.
Доволно е во една чаша вода за ставите 1 лажичка оцет. Овој раствор ставете го на косата и темелно измасирајте ја главата. Оставете да делува цела ноќ бидејќи за неколку часа оцетот ќе ги уништи габичките кои ви предизвикуваат проблем. Наутро исплакнете ја косата за да го отстраните непријатниот мирис на оцетот. Повторете ја оваа постапка неколку пати во текот на две недели. Добро би било да ја имете косата со шампон кој содржи цинк, бидејќи така полесно ќе се ослободите од првутот.