ЗАЕВ: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

– Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер”, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители, соопшти македонскиот премиер Зоран Заев кој додаде дека ја прифатил понудената помош од Србија преку претседателот Александар Вучиќ.

– Тие ни ги понудија ванцините како донација, ама ние рековме дека ќе си ги платиме по набавна цена зашто имаме буџет за тоа. Како Влада гледаме да можеме што побргу да почнеме со вакцинирање додека не стигнат првите 5.850 дози директно од “Фајзер” во февруари, а по 17.500 дози во март и април.
Во минатите недели Бугарија и Грција сами се пријавија да отстапат дел од ковид-вакцините со кои тие ќе располагаат, но се уште нема ни трага ни глас од нивната помош за Македонија. Бугарите ветија 100 вакцини!?

Останати вести