Премиерот Малком Трнбул со свои милион долари ја спасувал предизборната кампања на либералната партија.
Пратеник од редовите на лабуристите Антони Албаниси, му се смееше на прајминистерот и неговата „очајна” партија откога открил дека Малком Трнбул од сопствен џеп донирал милион долари за да и помогне на својата партија во предизборната кампања. Опозицијата добро ја искористи ситуацијата на Трнбул во текот на кампањата, организирајќи кампања околку наводите дека лидерот „сериозно загубил допир со реалноста”.
Сознанието дека Трнбул донирал толкава сума пари за предизборната кампања на сопствената партија, објавено е во весникот The Australian, на лабуриститие им даде уште повеќе материјал што можат да го искористат проти него.
Се верува дека прајминистерот оваа голема сума ја донирал во текот на втората половина од осум неделната кампања, кога партијата имала проблем да се бори против рекламите на лабуристите. Оваа донација, каква што до сега не сме виделе, чувана е во „строга тајност”. Трнбул ниту потврдил или ги демнатрирал овие наводи.
Пратеничката на либералите, Кели Одваер го бранеше премиерот во емисијата Today на ТВ канал 9, каде што рекла дека секој поединец има право да донира пари на партија.
„Ние на поединците им велиме дека можат да донираат за нашата кампања, доколку сакаат. Кога ќе ги погледнете синдикатите и донациите кои им ги давале на лабуристите, со кои го мотивираат своето членство да ја подржат нивната кампања”.
Заменичката на министерот за финансии, тврди дека Лабуристичката партија и синдикатот во текот на последната предизборна кампања донирале пет пати повеќе отколку либералите. Директно во етер и се спротиставил Albanese велејќи и дека ова нејзино тврдење е „голема лага”, и како би сакал лабуриститие да ја добијат поддршката од богатите корпорации и добростоечкиот лидер на партијата како што тоа е случај со либералите: „Ова е една голема лага, фактот дека Kelly преку своите клубови во Higgins собира пари, на тој начин што на собирите кои чинат неколку илјади долари, доаѓаат претставници на фирми, а акционерите на тие компании не можат да се изјаснат дали сакаат нивнинте парите да се трошат на фонд кој ги финансира изборите во изборната единица Higgins. Ваков начин на финансирање се прави со години” – изјавил тој.
„Што се однесува до Малком Трнбул, би сакал и ние да имаме некој кој има милион долари што не му требаат, па едноставно да ги донира за кампањата, но немаме таква личност”.
Во текот на предизборната кампања, Трнбул лично одржал неколку ексклузивни собири со оние кои ја поддржуваат неговата партија, собири на кои се донирале и по 10,000 долари по лице, а приходот е трошен на предизборната кампања. Во текот на последната недела од кампањата вакви собири одржувала и неговата сопруга Луси, како и заменик лидер на либералите, Џули Бишоп. Покрај значителните напори за собирање пари од старите членови, партијата имала проблем да се натпреварува со кампањата на лабуристите и синдикатот. Според наводите на весникот The Australiana, Либералната паритија е или во долгови или е без средства додека ги очекува ветените пари од кампањата. Се верува дека либералите претрпеле загуби поради кампањата на лабуристите, особено кога станува збор за кампањата врзана со здравственото осигурување, која требала да ги убеди гласачите дека владата на Трнбул има намера да го приватизира или продаде Medicare.