КУД “Александар Македонски” од Мелбурн и ”Македонски Бисери” од Волонгонг настапија во Охрид

На јубилејното 55. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид, настапиja КУД „Александар Македонски” од Мелбурн и „Македонски бисери” од Волонгонг.

Покрај нашите претставници на фестивалската програма настапија и ансамблите „Китка” од Истибања, фолклорниот Ансамбл од Турција, „Пловдив” од Бугарија, „Искра” од Црна Гора и КУД „Отексфолк” од Охрид.
Фестивалот финансиски е поддржан од Министерството за култура на РМ и пријателите на фестивалот.

Останати вести