Пријателите од Toorrourrong ги поканија локалните жители на ручек на големата маса кај резерварот во Toorourrong.
Овој настан е осмислен како одбележување на 10 години од големиот пожар наречен “црна сабота” во кој загинаа 180 луѓе, и беа опустошени Кинглејк, Марисвил и околните места. Ручекот беше во сеќавање на жртвите, обновата и прослава на локалната заедница, култура, фармерите и локалните производители и бизнисмени. Тука беа и нашата локална советничка од општина Витлси Мери Лалиос, и Наташа Петровска која ја има локалната компанија “Plough to Plate” што произведува ајвар и лутеница. Производи на Петровска беа прикажани на овој прекрасен настан.