Одбележувања во Сиднеј и Мелбурн

На 8 септември знамето на Македонија се вееше во центарот на Мелбурн во чест на денот на прогласување на независност.

Во исто време на големиот екран се емитуваше честитка за празникот. Претседателот на Советот за Мелбурн Александар Мојсовски и конзулката Бети Коруновска одржаа говори за значењето на денот на независноста.
Во Сиднеј годинешната церемонија на кревање на знамето за жал изостана. Официјалното објаснување е дека следната седмица, на 16 септември, ќе се одржат општинските избори во Рокдаел. Со надеж сме дека повторно ќе имаме градоначалник од македонско потекло во општината и тоа би било убав повод да се крене знамето на тој ден.
Сепак, организацијата секогаш паѓа на рамениците на неколку поединци, па останува да ги охрабриме следната година подобро да се организираат.
Во меѓувреме, Македонската Православна Црква од Рокдаел организира свечена вечера во саботата во Спортскиот Центар Илиден. Меѓу присутните беа забележани: амбасадорот Веле Трпевски, либералните пратеници од НЈВ Mark Coure MP за изборната единица Oatley, Craig Кelly за изборната единица Hughes и општинскиот советник на Ливерпул Питер Ристевски. Додека пак во Мелбурн в среда, на 16 септември, конзулатот ќе приреди коктел во ресторан. На него е најавено присуство на амбасадорот Веле Трпевски, а се најавува дека ќе има и дипломати. Поканети се и гости од заедницата.

Останати вести