Како одговор на палењето на Коранот, горат американското и норвешкото знаме во Пакистан

Норвешкото знаме заедно со американското беа запалени на протест во Карачи, како одговор на палењето на Коранот во Норвешка пред неколку дена.
Додека Tурција и Иран официјално го осудија тој чин, Пакистанците се одлучија за порадикални мерки.

Пакистанскиот министер за надворешни работи го повика норвешкиот амбасадор за да го информира дека палењето на Коранот ги повредило чувствата на 1,3 милијарди муслимани низ светот, вклучувајќи ги тие во Пакистан.
Муслиманот кој го нападна човекот што го запали Коранот доби пофални зборови, вклучувајќи ги и тие од портпаролот на пакистанските оружени сили Асиф Гафор. Движењето Стоп за исламизацијата на Норвешка најави дека планира да продолжи со оваа пракса. Тие додаваат дека ова е само почеток на „движењето за ослободување” и дека станува збор за правото да се критикува религијата.
Меѓутоа, тие истакнаа и дека ова не е најдобриот начин и дека повеќе би сакале да седнат и да разговараат со своите противници, но дека никој не смее или не сака. Палењето на Коранот било преземено со намера „да се разбудат луѓето”, истакна организацијата.

Останати вести