Одјавна шпица на Иванов: Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува

На заминување од Вила Водно, каде во два последователни мандата од по 5 години ја извршуваше претседателската функција, веќе поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов објави семејна фотографија на фејсбук со следниов статус:

„Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка. Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија. Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува!”.

Останати вести